![suarez ostanuva na enfld](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/suarez-ostanuva-na-enfld.jpg?resize=620%2C430&ssl=1)
Менаџерот на лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул, Брендон Роџерс откри дека најголемата ѕвезда во неговиот тим, Луис Суарез, сигурно ќе побарал да биде продаден за време на летниот преоден рок доколку “црвените” и оваа сезона не обезбедија место кое води во групната фаза од Лигата на шампиони.
“Лигата на шампиони беше приоритетот број еден за Ливерпул. Благодарение на пласманот во Лигата на шампиони, Луис Суарез ќе остане на “Енфилд”. За еден фудбалер, од таков калибар, многу е важно да биде дел и од најпрестижното клупско натпреварување. Покажа лојалност, остана на “Енфилд”, се бореше како лав целата сезона и затоа ќе биде награден со тоа што ќе добие шанса да покаже се што знае и во Лигата на шампионите”, изјави Роџерс.