Најголемата ѕвезда во дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Луис Суарез откри дека е среќен на “Енфилд”, но не даде конкререн одговор на прашањето дали и во новата клупска сезона ќе го носи црвениот дрес или ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.
“Многу сум среќен, секогаш сум среќен кога мојата фамилија е покрај мене. Кога тие се среќни и јас сум среќен. Убаво ми е на “Енфилд”, сега сум фокусиран на Ливерпул, а потоа ќе мислам на Мундијалот во Бразил. Нема да добиете одговор на ниту едно друго прашање, не сакам да зборам за следната сезона, за мојата иднина. Јас сум фокусиран само на Ливерпул и на следниот првенствен натпревар против Кристал Палас”, изјави репрезентативецот на Уругвај.
Во изминатите неколку дена беше пласирана сезонационалната информација дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да одвои околу 70 мил. фунти за услугите на Суарез, но е подготвен во обратната насока да ги испрати и Карим Бенезема и Алваро Мората.