Српската влада почна да исплаќа субвенции за купување на прв стан за секоја жена која родила или ќе се породи годинава, а не го решила станбеното прашање. Може да се поднесе барање за државна помош во максимална вредност до 20.000 евра или 20 отсто од вредноста на имотот што се купува, соопшти секретарот за социјална заштита на Белград, Наташа Станисављевиќ.
Таа прецизираше дека барањата се доставуваат до Секретаријатот за социјална заштита секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот, пренесува Беоинфо.
„Не е важно дали ви е прво или четврто дете, бидејќи помошта се добива без разлика кое дете е во ред, а нема старосна граница“, вели Станисављевиќ.
Услов за помош е тоа да биде прв недвижен имот, а приходите на сопружниците или вонбрачните партнери да не надминуваат две просечни плати.
„Иако требаат одреден број документи за да се собере сета потребна документација, системот Е-Влада добро функционира, така што тоа не би требало да биде проблем, бидејќи речиси сè набавуваме по службена должност“, потенцира градскиот секретар.
Таа појасни дека доколку граѓанин купи стан и сака да поднесе барање, потребно е да поднесе барање за недвижноста што ја купува, односно купопродажен договор или изјава дека не е сопственик на станот, додека се друго ќе ги набавува Секретаријатот за социјална заштита.
Според неа, досега се поднесени шест барања.
„Ги покануваме другите мајки да не поканат или да дојдат во нашиот секретаријат. Ги испечативме сите формулари на бирото на кои пишува што е потребно за да се има документацијата бидејќи сакаме да им помогнеме на мајките во Белград“, заклучи Наташа Станисављевиќ.