Jавeн повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на печки на пелети со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, објави денеска Градот Скопје.
Градот Скопје на граѓаните што ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик, а заклучно со 21 мај 2018 година, ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Јавниот повик ќе трае 45 календарски денови од денот на објавувањето – поточно од 5 април 2018 година, заклучно со 21 мај 2018 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.