Не дај Боже да се исполни тоа да се намалат субвенциите или да се укинат за оние кои нема да направат за 10 отсто повеќе произвдоство од претходната година. Тогаш, сите земјоделци ќе излезат пред Владата, вели во вечерашното отворено студио м-р Игор Златков, поранешен директор на платежната агенција и поранешен директор на агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.
– Субвенциите не само што го одржуваат земјоделското производство во Македонија. Субвенциите играат улога во демографската карта на државата. Ја стопираат миграцијата држава во друга држава или миграцијата од село во град. Ако нема субвенции, тешко на тие индивидуални земјоделци во државата. Најстрашно е од се, што укинувањето на субвенциите е кажано од човек што рече дека е роден на нива – вели Златков.
Меѓу другото, тој рече дека субвенциите го одржуваа производството на тутун од 2006 година па навака. Дури во 2017 година има стабилно производство на тутун од 24 илјади тони, додека пак во државите кои ни се блиски и се познати по тутунопроизводство драстично им се намалува.
– Некои земјоделски производители не може да ги убедиш да работат нешто друго. Не дека нема да можат да го работат, туку затоа што немаат услови за друго да работат. На пример во Конче и Лубница има највисоко квалитетен тутун и таму не може ништо друго да се произведува. Исто така и во општина Долнени, каде што се Дебреште, Житоше и Лажани, каде што има некаде од 1.600 тони производство на тутун само во тие три села, не може ништо друго освен тутун. Во Тополчани и Рековци нема ниту систем за наводнување, па која е таа друга земјоделска култура која што ќе издржи без вода, односно доволно е само едно освежување или врнежи од дожд за да има стабилен принос – вели Златков.
Заев што ветуваше пред изборите, а што сега кажува! (ВИДЕО)
За да ги придобие нивните гласови, Зоран Заев на земјоделците во предизборието им се претстави како човек кој ја разбира нивната мака.
-Вие сте мојот народ, а јас имам работено земјоделие и ја знам земјоделската мака, истакна Заев пред изборите на 28.11.2016.
Истиот Заев после изборите, како и за многу други работи, ја промени политиката и сега освен што не ја разбира земјоделската мака, тој сосема ги запостави земјоделците. Заев вели дека на земјоделци треба да им се каже дека нема да им се даде субвенции.
-Треба да им кажеме дека оваа година немаш бе брат субвенции оти си на ист обем на производство од лани, истакна Заев на 16.09.2017.