Субвенциите не се исплатени, откуп нема, а скапата нафта ги дотепа земјоделците, Хоџа и Владата потфрлија. Не само што доцнат субвенциите за оваа година, не се исплатени и дел од субвенциите за 2017, 2018, и 2019 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ рагирајќи на изјавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.
.Хоџа претходно во интервју за телевизијата Канал 5 рече дека за него било разбирливо „да излезат да протестираат сточарите кои не ги добиле субвенциите иако, и за тоа има одговор, но не и кога нема никаква допирна точка со делот на земјоделството“, без да појасни кога ќе бидат исплатени тие субвенции и на што конкретно мисли. Министерот, исто така, рече дека зелената такса што се планира да биде воведена за горивата „намало врска со земјоделството“.
„Субвенциите како мерка се смислени за да им помогнат на земјоделците во текот на една земјоделска година, а не да доцнат и по неколку години.
Не само што се оставени без субвенции. Туку земјоделците четири години мака мачат и со откупот. Нема култура која не заврши на депонија, буниште или канал. Тоа е затоа што власта се фалеше, а не обезбеди сигурен откуп и високи откупни цени.
Тутунот, млекото, грозјето, сѐ се продава за џабе.
И проблемите не застануваат тука, ако во светот земјоделците имаат големи поволности при купување на нафта, во Македонија само заради Заев земјоделците плаќаат 10 денари поскапа нафта како последица на акцизите и даноците кои ги воведе.
Земјоделието не може да мрдне од мртва точка со Заев’, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.