
Евтините авиобилети не само што донесоа добро за македонските граѓани, туку донесоа и зголемен број на странски туристи. Поради оваа причина Владата и за наредната година ќе продолжи со субвенционирање на нискотарифни авиокомпании што ќе понудат евтини билети, но и за туроператори кои со авион ќе донесат организирани групи на туристи, пишува Лидер.
Минатата година воздушниот транспорт се зголемил за 18,9% и ја достигна долго посакуваната бројка од над еден милион патници (1.066.628), бројот на воздухопловни операции е зголемен за 10,9% или 11.576 полетувања и слетувања, а за 9% е поголем и карго превозот или 2.449,09 тони производи се трансферирани преку двата аеродрома во земјава.