Суд нареди бразилскиот претседател да ѝ плати отштета на новинарка за понижување

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро мора да ѝ платити отштета на новинарка поради пониживачки забелешки на нејзина сметка, дознава агенцијата AFP во неделата повикувајќи се на сидски документи во кои имала увид.

Според одлуката на судот во Сао Паоло, претседателот Болсоната ќе мора да плати 20.000 рали, односно 3.500 американски долари, на Патриција Кампос Мељо, новинарка на влијателниот дневен весник a Folha De S. Paulo.

Судијата на 16-ти март пресудил дека бразилскиот претседател „ја нарушил честа и предизвикал морална штета“ на новинарката којашто го тужела Жаир Болсонаро. Тој може да вложи жалба на пресудата.

Во февраури 2020 година Болсонаро инсинуираше дека Кампос Мељо нудила секс како противуслуга на еден извор во замена за негативни информации за него. Новинарката објави неколку напуси за организација којашто во 2018 година, во текот на претседателската кампања, којашто преку апликацијата WhatsApp наводно ги клеветела ривалите на Болсонаро.

Во јануаро Кампос Мељо ја доби и правната битка против синот на Волсонаро, Едуард кој мора да ѝ плати 30.000 реали, односно 5.600 долари, како компеназација за морална штета која ѝ е нанесена откако изјавил дека „се обидела да заведе извор“ за да извлече штетни информации за неговиот татко.