Провостепениот суд во Брисел пресуди во средата дека белгиските власти и државата мора да ја измената законската рамка за свотие мерки за сузбивање на епидемијата на коронавирусот или да ги укине сите рестрикции во рок до 30 дена, по тужбите на организација човекови права, пренесува AFP повикувајќи се на повеќе извори.
Лигата за човекови права (LDH) кон крајот на февруари покрена итна постпака за да ја оспори законитоста на управувањето со здравствената криза преку министерските изврпшни уредни. Нејзината намера беше за растрикциите да се дискутира во парламентот.
Белгија мора да ги донесе сите потребни мерки за да ја „прекине очигледната незаконска ситуација којашто произлегува од ограничувањето на темелните права и слободи“, се наведува во одлуката.
Судот ѝ дава на белгиската држава триесет дена да постапи по неговата одлука, во спротивно ѝ се заканува парична казна во износ од 5.000 евра за секој ден доцнење.
Сојузната министерка за внатрешни работи Анелис Ферлинден наведе во соопштение дека „одлучила да се обрати до апелациониот суд во Бриел“, додавајќи дека „моменталните мерки остануваат на сила“.
Пресудата се однесува на сите мерки донесени на сојузно ниво: носење маски, затворање на институциите, забрана за патувања кои не се неопходни, физичко дистенцирање…., но не и на полицискиот час кој е воведен на регионаллно ниво, ијзавила за AFP, адвокатката на LDH, Одри Лакнер.
„Муислиме дека во парламентот мора да се дискутира за ограничувањето на основите слободи наметнати поради сузбивањето на пандемијата на Covid-19“, истакнуваат од LDH во соопштение за медиумите.