Надлежниот суд во Брисел започна во средата со разгледување на тужбата којашто Европската комисија ја поднесе против англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ поради непочитувањето на договорените рокови за испорака на дозите против коронавирусот.
Европската комисија во понеделникот ја тужеше „AstroZeneca“ поради непочитување на договорот за испорака на вакцината против Covid-19 и затоа што оваа компанија нема веродостојна програма со коишт ќе обезбеди редовност на испораките.
Во пандемијата на коронавирусот и во сутуацијата која Европската унија беше остро критикувана поради неснаоѓањето во почетокот на кампањата за имунизација, на вакцината на „AstraZeneca“ се гледше како на клучниот аудот за поправање на ситуацијата, како и за вакцинирањето во посиромашните земји на континентот, имајќи предвид дека станува збор за најаевтината вакцина против Covid-19, како и поради тоа што нејзиното складирање и за испораките не се потребни многу ниски температури како за другите вакцините на „BioNTech“ и на „Moderna“ кои исто така ги набави ЕУ. Така, Брисел се правда дека доцнењето на испораките од „AstraZeneca“ е една од причините шти Унијата доцни во вакцинирањето.
Правниот застапник на Европската комисија изјавил на белгискиот суд во Брисел дека Унијата ќе бара веднаш испораки од сите производствени капацитети наведени во договорот, вклучително и од оние од Велика Британија, којашто повеќе не е членка на Европската унија и спречи пренасочување на дозите од вакцините произведени на нејзината територија додека не се задоволат националните потреби.
На сослушувањето коешто беше отворено за јавноста и се одржува под итна постапка, адвокатот кој ја застапува компанијата „AstraZeneca“ изјави дека во договорот не е наведена обврската за испораки на вакцината од сите нејзини фрабрики. Компанијата има свои погони во Холандија и во Белгија, кои се членки на ЕУ, но и во Велика Британија.
„AstraZeneca длабоко жали поради одлуката на Европската комисија да започне судска постапка во врска со договорот за испораките на вакцината. Се надеваме дека овој според ќе биде решен што е можно поскоро“, изјави Хаким Булараба, адвокатот на компанијата.
Првото рочиште заврши во среддата за малку помалку од еден час и странките се согласиле второто рочиште да се одржи на 26-ти мај. Судијата, пак, рече дека се надева дека пресудата ќе ја донесе во јуни.