Судија во Мексико одобри употребата на кокаин како рекреативна дрога за две лица, што е прв ваков случај во таа држава.
Судот соопшти дека на лицата ќе им биде дозволено да поседуваат, транспортираат и консумираат кокаин, но не и да го препродаваат, тврди организацијата „Мексико обединето против криминалот“ (МУЦД), пренесува Би-би-си.
МУЦД се бори да ја прекине војната против дрогата која во Мексико трае со децении, а одлуката на судот ја нарече историски чекор.
Одлуката сега треба да ја разгледа и повисок суд пред истата да може да се спроведе.
Во изјавата на МУЦД се наведува дека судот во Мексико Сити наложил на „Кофеприс“, водечката здравствена организација во државата, на двете наведени лица да им одобри рекреативната употреба на кокаин.
Официјален претставник на „Кофеприс“ рече дека компанијата се обидела да ја блокира одлуката на судот со образложение дека овластувањето за употреба на кокаин е надвор од нејзините ингеренции.
Одлуката ќе биде извршна само во случај на потврда од повисок суд, а право за нејзино спореведување ќе имаат само двете лица кои поднеле барање за тоа.
Во својата изјава, МУЦД тврди дека ова претставува важен чекор во креирањето на алтернативна политика кога станува збор за употребата на дрога, што ќе му овозможи на Мексико поголема безбедност и ќе му помогне на јавниот здравствен систем.