Суд во САД го суспендира задолжителното вакцинриање на вработените во компаниите

Апелациониот суд на петтиот округ во Њу Орелеанс одлучи да го суспендира прописот за задолжителна вакцинација против Covid-19 на вработените во големите компании, соопшто во саботата судот.

Белата куќа соопшто во четвртокот дека Управата за безбедност и здравје при работа (OSHA) при американското министерство за труд, им наредила на сите компании во САД со 100 или повеќе вработени задолжително целосно да го вакцинираат својот персонал против коронавирусот најдоцна до 4-ти јануари 2022 година.

Во саботата Апелациониот суд на Петтиот округ донесе одлука со којашто се запира дејството на прописот, наведувајќи ги „сериозните законски и уставни прекршувања“ , пренесува Reuters.

Во одлуката, апелациониот суд надележен за Тексас оцени дека подносителите на тужбеното барање дали аргументи „според коишто можно е да постојан сериозни уставни и законски процедурални проблеми“ со владиниот текст на наредбата, Оттаму, одлуката е суспендиран во очекување на темелна правна анализа.

„На тој начин, дејствието на налогот е суспендирано до натамошна судска одлука по ова прашање“, се наведува во пресудата која на својот профил на Twitter ја објави јавниот обвинител на сојузната држава Тексас, кој беше еден од противниците на задолжителната вакцинација.

Одлуката на судот е реакција на заедничката петиција на неколку компании, групи за заштита на човековите и граѓанските права, како и претставници на сојузните држави Тексас, Луизијана, Мисиспи, Јужна Каролина и Јута. Таа следеше откако Белата куќа наложи вкупно околу 84 милиони работници во приватни компании во земјата да се вакцинираат против коронавирусот или да се подложат на редовно тестирање до споменатиот датум.

Мерката беше најавена кон половината на септември а оваа седмица беше и усвоена. Но веднаш беше испратена на оцена во судовите, меѓу другите и во Тескас, каде што на власт се републиакнците кои се протива на секакво задолжително вакцинирање против коронавирусот.