
Според весникот „Дневник“ истекува законскиот рок во кој надлежниот судија треба да одлучи дали ќе закаже главна расправа за предметот „Пуч“ во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Според кривичниот законик главната расправа треба да биде закажана во рок од 60 дена од поднесување на обвинението. Во конкретниот случај тоа е понеделник, бидејки обвинението е поднесено на 30 април.
Од прес службата на кривичниот суд за весникот изјавиле дека надлежниот судија се уште ја нема донесено одлуката дали ќе закаже главна расправа или целиот предмет ,,Пуч“ ке биде повторно вратен во фаза на истрага.
Неофицијално од судот изјавиле дека одлуката ќе мора да се донесе деновиве бидејќи се потребни барем два дена да се достави покана до обвинетите доколку биде донесена таква одлука.