Судан осуди на смрт 27 разузнавачи поради убиство на еден демонстрант

Омар ал-Башир

Судот во Судан во понеделникот осуди на смрт 27 припадници на националната разузнавачка слуќба, прогласувајќи ги виновни за мачење и смртта на еден демонстрант на почетокот од годинава.

Ова се првите пресуди на смртна казна коишто им се изрекуваат на припадници на суданските безбедносни сили за смрт на демонстрантите, по повеќе од една година од почетокот на бунтот против власта. Во задушувањето на бунтот убиени се најмалку 177 луѓе, според Amnesty International.

Десетици демоснтранти со одобрување ја дочекаа пресудата пред зградата на судот во Омдурман, близу главниот град Картум, каде што се водеше постапката против 27-те припадници на разузнавачката служба. Одбраната има 15 дена за поднесува на жалба.

Протестите избувнаа во многи градвои во Судан по владината одлука за трократно зголемување на цената на лебот во услови на економска криза. Протестите се претворија во бунт во кој војската на 11-ти април го собори претседателот Омар ал-Башир, кој на власт беше цели 30 години.