Генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, главниот командант на суданската војска, изјави во четвртокот за телевизијата Al Jazeera дека ги прекинува политичките преговори со поранешниот сојузник паравоените Сили за брза помош (FSR), во Судан каде што веќе шест дена беснеат судирите, поради што завладеа хаос а десетици илјади луѓе се во бегство и Обединетите нации повикаа на воспоставување хуманитарни коридори.
Експлозиите и престрелките продолжија и во четвртокот во суданскиот главен град Картум, шестиот ден на борбите меѓу суданската војска и припадниците на паравојската кои се предводени од двајца ривалски генерали, додека судирот не спласнува додека се ближи крајот на рамазанскиот пост.
Во своето први појавување во јавноста од саботата, кога започнаа борбите во кои загинаа досега повеќе од 330 луѓе, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан го повика својот ривал генералот Мохамад Хамдан Дагало, попознат по прекарот „Хемедти“, да се откаже од „желбата да ја контролира земјата“, инаку ќе „доживее воен пораз“.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во четвртокот ги повика завојуваните страни на прекин на огнот, за да може да се згрижат ранетите и да се отворат хуманитарни коридори за минување на здравствените работници, пациентите и возилата за медицинска помош.
„Ги повикуваме сите страни што поскоро да воведат хуманитарен прекин за на луѓето кои се зафатени со непријателствата да им се овозможи да се засолнат“, изјави Ахмед ал-Мандари, директор на СЗО за источен Медитеран.
Хуманитарниот прекин на огнот би им овозможил на цивилите да излезат од засолништата да се снабдат со вода, храна и лекови, а ранетите би добиле неопходна медицинска нега, посочи ал-Мандари.
Двете страни претходно ветија дека ќе го почитуваат 24-часовниот прекин на огнот кој требаше да стапи на сила во 18 часот во средата по локално време, но набрзо го прекршија.
Египет во овој хаос со посредувањето на Обединетите Арапски Емирати евакуираат 177 свои војници од воздухопловната база на северот на Судан.
Меѓу 10.000 и 20.000 луѓе избегаа пред судирите во Судан и се засолнуваат во соседниот Чад, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН чиј персонал е распореден на границата.
„Повеќето од оние кои пристигнуваат се жени и деца (…) Високиот комесаријат за бегалци тесно соработува со владата на Чад и нејзините партнери поради процена на нивните потреби и подготовките за заеднички одговор“, се наведува во соопштението објавено во четвртокот.
Тројца службеници на Светската програма за храна (WFP) се убиени во Дарфур на почетокот од судирите. ОН објавија дека „повеќе не ги бројат ограбувањата и нападите“ врз нивните залихи и персонал и ги осудија „сексуалното насилство над хуманитарните работници“.
Во Картум жителите се соочени со ужасен избор – да останат во градот без струја и вода или да излезат и да бегаат под истрели и да им го препуштат својот дом на ограбувачите. Девет болници се погодени од артилериски оган, а 16 се евакуирани/ Ниедна во градот не работи со полн капацитет.
Судирите ги уништија надежите за напредувањето на земјата кон демократијата, со закана да бидат вовлечени соседите и можно надоврзување на регионалните борби влијание. Судан стратешки е сместен меѓу Египет, Саудиска Арабија, Етиопија и немирната област Сахел.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе разговара за ситуацијата во Судан со челниците на Африканската унија, Арапската лига и другите организации, соопштија од неговиот кабинет.
Суданците не ги заборавија насилствата кои ги трпеа под диктатурата на Омар ал-Башир, кого од власт во 2019 година заеднички го соборија сега завојуваните генерали.
Ал-Башир е обвинет за „злосторства против човечноста“ и за „геноцид“ во Дарфур. Во текот на војната којашто избувна во 2003 година во Дарфур, ал-Башир му наредил на својот генерал Даглу да спроведува кампања на „спалена земја“, а токму генералот ал-Бурхан беше еден од неговите команданти.
Сили за брза помош (FSR) се основани во 2013 година и во нивниот состав се илјадници припадници на поранешната бунтовничка милиција Џанџавид, арапска милиција во која ал-Башир регрутираше борци за војување против етничките малцинства.
Откако во саботата се разгори борбата за превласт, која тлееше со седмици меѓу двата генерала, се претвори во битка на две војски, дојде го голем хаос за 45-те милиони Суданци, без засега изгледи да настапи првични договореното примирје.
Коренот на борбата за власт меѓу Бурхан и Дагало е предизвикани со меѓународно поддржаниот план за основање нова цивилна влада и интеграција на RSF во регуларната војска.