Суданската војска го враќа на власт соборениот премиер Хамдок

RASD SUDAN NETWORK via REUTERS

Суданската војска планира да го врати на власт, по повеќеседмичните безредија, премиерот Абдал Хамдок, кого претходно го соборија во државниот удар, изјавил за агенцијата Reuters Фадлала Бурма Насир, челник на партијата Ума.

Хамдок ќе биде на чело на технократската влада, а сите политички затвореници ќе бидат пуштени на слобода, според договорот на војската со политичките партии, изјавил Насир кој самиот учествувал во преговорите.

Суверениот совет на Судан, предовиден од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, ќе одржи вонредна седница во неделата пред објавата на договорот, рекол за Reuters неименуван извор запознает со разговорите

Нејасно е во која мера претставниците на Силите на слободата и промените, којашто пред воениот преврат, беше контролирана и ја споделуваше власта со воениот врв, ќе учествува во новата власт.

Активистичките групи кои ги организираа масовните протести по пучот, бараа од војската целосно да ја напушти политиката. По војниот пуч во октомври беа уапсени повеќето членови на владата и челниците на провладините партии.

Западните држави го осудија пучот, повикаа притворените функционери и политичари да бидат ослободени и се заканија со запирање на помошта, доколку војската повторни не ја дели власта со цивилите.

Суданската влада на претседателот Хамдок беше формирана откако долгогоришниот поранешен авторитарен претседател Омар ал-Башир беше соборен од власта во 2019 година по долгите масовни протести. Од соборувањето на Башир со земјата владееше ткн Суверен совет предводен од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан кој ја контролираше владата на Хамдок. Но таа поделба на власта, заснована на соработката на цивилните и воените челници, од почетокот беше многу кревка.