Суданската војска во неделата го врати на власт премиерот Абдалa Хамдок и најави дека ќе ги ослободи сите политички затвореници по седмицата крвави безредија по воениот пуч со кој беше соборена цивилната влада.
Според договорот кој го потпишал со воениот лидер, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, премиерот Абдалa Хамдок ќе ја води цивилната технократска влада во транзицискиот прериод. Хамдок извести дека се согласил на договорот за да се запре крвопролевањето.
„Суданската крв е драгоцена, да го запреме крвопролевањето и да ја насочиме енергијата на младите во изградбата и развојот“, изјави Хамдок.
Меѓутоа, цивилната коалиција којашто претходно ја споделуваше власта со војската објави дека се противи на каков и да е договор со пучистите и повика протестите да продолжат и во неделата. Дури и додека се ширеа вестите за договорот, илјадници демонстранти маршираа кон претедателскате резиденција во суданската престолнина Картум и рано попладнето повикуваа на уривање на воената власт.
Хамдок беше ставен во домашен притвор кога војската ја презема власта на 25-ти октомври, со што накратко ја запре транзицијата кон демократијата која беше договорена по соборувањето на Омар ал-Башар во 2019 година, со што беше ставен крај на трите децении на неговото автократско владеење. Од соборувањето на ал-Башар со земјата управуваше ткн Суверен совет предводен од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан кој ја надгледуваше владата на премиерот Абдалa Хамдок. Но таквата поделба на власта заснована на соработката на цивилните и воените власти од почетокот беше кревка.
Војската ја распушти владата на Хамдок и притвори некои цивили кои заземаа челни позиции според договорт за поделбата на власта по соборувањето на ал-Башир. Пучот поттикна масовни протести против војската, а лекарите велат дека безбедносните сили убиле 40 цивили во изразено насилното гушење на протестите. Западните земји го осудија пучот и повикаа притворените функционери да бидат ослободени и се заканија со запирањер на помошта, доколку војската повторно не ја споделува власта со цивилите.