![boki-janeva-kiceec-960x431](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/boki-janeva-kiceec-960x431.jpg?resize=696%2C312&ssl=1)
Судењето за случајот „Рекет“ ќе почне на 3 декември, а осомничени се Катица Jанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.
Јовановски се терети за две кривични дела примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. Кичеец е второосомничен за делото примање награда за противзаконито влијание. Јанева, како трета на листата, е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања.
„Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска. Главната расправа по предметот ќе се одржи на 3.12.2019 година во 10 часот за што се доставени и покани до странките, информираат од Кривичниот суд.