![zoran-bozinovski-520x3081](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/Zoran-Bozinovski-520x3081.jpg?resize=520%2C308&ssl=1)
Рочиштето за случајот против Зоран Божиновски ќе продолжи во нова, поголема судница, откако новинарот одби да присуствува на судење, во кое јавноста и медиумите ќе останат надвор и нема да го чујат сведочењето на премиерот и, во случајов тужител, Зоран Заев.
-Јас без јавност не влегувам!, порача тој и остана во ходникот заедно со новинарите, додека обезбедувањето на премиерот ја чува вратата од судницата.
Тужбата за клевета на Заев против Божиновски е за фејсбук-статус во кој новинарот открива наводен рекет од 60 милиона евра кој го зеле тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев и самиот Заев.
Легален претставник на Заев во овој случај е адвокатот Мирослав Вујиќ, додека во одбрана на Божиновски е Сашко Станинов.