Судскиот процес против соборениот египетски претседател Мохамед Морси ќе започне на 16-ти февруари и тој ќе биде обвинет за шпионажа, со цел „терористички акти“, објави „АФП“, цитирајќи судски извори.
Заедно со Морси пред судот ќе се појават уште 35 лица, високи кадри во неговото движење „Муслимански браќа“ и одговорни службеници во времето на неговото претседателствување. Сите тие се обвинети за соработка со палестинското движење Хамас и со џихадистички групи.
Против поранешниот претседател веќе беа покренати три други обвиненија, за убиство на демонстранти, за бегство од затвор во 2011 година и за навреда против судијата.