Судскиот процес за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, продолжува денес во Основниот суд Скопје 1 со воведни говори на останатите обвинети лица. Овој обемен предмет во кој им се суди на 32 лица почна вчера и траеше со часови во Кривичниот суд. На почеток на расправата адвокатите бараа, но судијката Добрила Кацарска не дозволи судењето да биде одложено. Воведни говори вчера пред судот дадоа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите.
На обвинителната клупа во судот вчера седнаа Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и за помагање.
Судијката Добрила Кацарска, која веќе закажа вкупно 37 термини за главна расправа.