Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Eдна половина од парите, како што стои во обвинението, требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.