Судија од американската сојузна држава Њујорк го одложи продолжението на судењето во кое новоизбраниот претседател Доналд Трамп беше осуден за исплаќање „црни“ пари на порно-актерка, покажуваат документите објавени во вторникот.
Судијата Хуан Мерчан имаше рок до вторникот да одлучи дали ќе ја поништи пресудата откако Врховниот суд во јули пресуди дека претседателот има имунитет. Изрекувањето на пресудата на Трамп е закажано за 26. ноември.
Американскиот обвинител на округот Менхетен, Алвин Брег, испратил електронска ошта до судијата Мерчан во неделата, барајќи случајот да се одложи поради изборната победа на Трамп на 5-ти ноември и инаугурацијата во јануари 2025 година. Трамп побара од обвинителите да се согласат со одложувањето, напиша Брег.
„Обвинителите веруваат дека ова се околности без преседан“, се вели во мејлот.
Мерчан ја одложи постапката за 19-ти ноември.
Трамп беше прогласен за виновен во мај за фалсификување сметководствени записи за да се прикрие уплата од 130.000 долари на порно-ѕвездата Сторми Даниелс пред да ја објави кандидаурата за претседателските избори во САД во 2016 година во замена за нејзиното молчење за сексуалниот однос со Трамп пред повеќе децении.