Судијата го отфрли предлогот за поништување на судењето на Трамп во случајот со Сторми Даниелс

Судијата во кривичната постапка прптов поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот го одби барањето за поништување на судење на адвокатот на Трамп, Тод Бланш, кој тврдеше дека сведочењето на порно-ѕвездата Сторми Даниелс за нивната наводна афера во 2006 година е ирелевантно и само ќе ја разгори поротата.

„Како можеме да се извлечеме од ова на начин кој е чесен кон претседателот Трамп?“, рече Бланш.

Судијата Хуан Мерчан рече дека се согласува дека постојате некои елементи во нејзиното сведочење за коишто би било подобро да не биле изречени.

„Мислам дека сведокот беше малку тешко да се контролира. Мислам дека не сме во фаза кога поништувањето на судењето е оправдано“, рече тој.

Предлогот беше поднесен неколку часа по нејзиното сведочење. Даниелс пред поротата кажа за нејзината наводна врска со Трамп во 2006 година и исплатата од 130.000 долари што ја добила за да молчи кога тој се кандидираше за претседател во 2016 година.

Таа сведочеше дека се согласила на тоа, бидејќи се плашела дека нема да ѝ плати кога ќе победи на изборите.

Сега 45-годишната Даниелс рече дека одлучила да го задржи инцидентот приватен откако наводно добила закана на паркинг во 2011 година, но се предомислила за време на кампањата во 2016 година, кога биле изнесени неколку обвинувања за сексуален напад против Трамп.

„Мојата мотивација не беа парите, сакав да раскажам приказна“, рече таа.

Седумдесет иседумгодишниот Трамп се изјасни дека не е виновен по обвинувањето за фалсификување деловни книги за да ја приокрие исплатата на Даниелс.

Тој негира дека имал секс со Даниелс, а неговите адвокати тврдат дека таа измислила затоа што сакала да се појави во шоуто на Трамп „Приправник“. Даниелс потврди дека се надевала оти Трамп ќе ја ангажира во шоуто по нивниот однос.