Килијан Мбапе вчера беше дел од секој важен момент на дуелот меѓу ПСЖ и РБ Лајпциг од Лигата на шампионите, а постигна само еден гол откако на реализираше пенал во завршните моменти.
Францускиот фудбалер го отвори резултатот во Париз, подоцна му асистираше на Меси, па извлече и пенал кој Аргентинецот го претвори во погодок за победа.
Но, она што не се виде од трибините исто така ги забавува фудбалските фанови, а тоа е една ситуација од тунелот во која главна улога имаат Мбапе и италијанскиот судија Марко Гвида.
Незадовлниот Гуида реши да го забрза процесот на излегување на фудбалерите од соблекувалните со своето свирче, а Мбапе се извади од памет од неочекуваниот продорен звук, по што се изнасмеа на својот потег.