Судијата Пајазити не постапувал според закон и треба веднаш да се разреши без манипулации

Судијата Пајазит Пајазити остави простор Блерим Рамадани да избега или наместо ефективен притвор, тој му определи куќен притвор. Пајазити го осуди условно Иџет Мемети, наместо со казна затвор,  кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Марлборо. Треба да одговара бидејќи направи огромни грешки и во случајот со Рамадани и со Мемети, велат во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно е дека Пајазити не постапува по закон. Оттука јасно е дека Пајазити не смее да биде судија, а надлежните институции треба да го разрешат.
Доколку не се санкционира Пајазити довербата во правосудството дополнително ќе се намалува. Денес јавноста ќе биде информирана со нови сознанија за случајот Пајазити, најавија од оваа партија.