На фудбалски напревар што се одржал вчера во селото Обрешани, прилепско, меѓу ФК „Обршени” и ФК „Динамо”, дошло до вербална расправија помеѓу играчите Ѓ.Б.(19) од домашниот фудбалски клуб и К.Н.(23) од „Динамо”.
Притоа, судијата К.С.(24) не му дал црвен картон на Ѓ.Б. поради што бил физички нападнат од З.Н. (47). Натпреварот веднаш бил прекинат.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.