Судијката Моника Бахчованска денеска побарала изземање од два од предметите на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ и „Тотал“, за кои треба да даде оценка за обвинителен акт.
В.д. Претседателот на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев го прифатил нејзиното барање и предметите се веќе прераспределени на други судии. Оваа вест ја потврдил портпаролот на Кривичниот суд Дејан Ристовски и информирал дека предметот „Труст“ му е даден на судијата Марјан Грубиша, а „Тотал“ на судијата Драган Николовски.
Ова е второ изземањена судијка за последниве десетина дена. Бахчовановска е сопруга на Владимир Бахчовановски, директор на Државната лотарија.