Група активисти синоќа се судри со полицијата во Хонг Конг, при што се повредени тројца полицајци, а четири мажи се уапсени.
Полицијата употреби спреј и опрема за разбивање на протестите, а демонстрантите носеа маски и очила.
Група демонстранти се обиделе да влезат во зградата на Парламентот, но полицијата успеала да ги спречи.
Во Хонг Конг речиси два месеци се одржуваат продемократски протести со барање Пекинг да дозволи на следните избори во 2017 година да дозволи слободни и демократски избори.