Судир на автомобили, коњска запрега и автобус – 15 лица повредени

Петнаесет лица се потешко и полесно повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на патот Ќуприја – Параќин  во Србија.

Повредените, како што јавува Б92 се сместени во болница и никој не е животно загрозен.Портпаролот на Секторот за внатрешни работи во Јагодина за РТС соопшти дека во несреќата учествувале две патнички возила, коњска запрега со два коња и автобис на локалната линија Параќин-Ќуприја-Јагодина.

До несреќата, како што соопштуваат од полицијата, дошло најверојатно кога едното патничко возило тргнало да го претекне автобусот и во таа прилика удрило во коњската запрега од спротивниот правец.