Во текот на официјалната церемонија при која Грција го презеде шестмесечното претседавање со Европската унија, во Атина дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите, пренесуваат локалните медиуми.
Откако им беше забрането да се приближат до грчкиот Парламент, демнострантите синоќа се судриле со припадниците на силите за безбедност.
Покрај тоа тие го запалиле знамето на ЕУ, изразувајќи го со тој акт бесот спрема заедницата, обвинувајќи ја за острите мерки што нивната земја морала да ги примени.
Грчките власти, само неколку часа пред вчерашното започнување на официјалната церемонија за превземање на претседателството со ЕУ, воведоа забрана за организирање на протести во центарот на Атина.
ЕУ досега на Грција и одобри два пакети финансиска помош, со вкупна вредност од 240 милијарди евра. За да ја добие следната транша помош во висина од една милијарда евра, официјална Атина мораше да воведе нови мерки за штедење во државниот сектор.