Во понеделникот на грчкиот остров Лезбос дошло од судир меѓи припадниците за одржување на редот и барателите на азил, од кои повеќе сторици протестирале против лошите услови за нивното сместување во нехигиенскиот и пренатрупан камп во Морија, јавува AFP.
„Во Морија не е добро“, „Пуштете нѐ“, извикувале мигрантите на англиски и француски јазик. „Ние не сме затвореници“, пишувало на транспарентто кој го носеле мигрантите.
Полицијата се обидела да ги растера со солзавец, а барателите на азил возвратиле со камења, Најмалку двајаца мигранти се приведени, наведува AFP.
Во кампот Морија, еден од најпренатрупените во Европа, сместени се според инфорамциите на невладините организации повеќе од 19.000 мигранти, а неговиот предвиден капаците изнесува само 2.840 лица.
Грција од викендов се справува со големиот прилив на мигранти. Ескалацијата на тензиите во северозападна Сирија, беше изговорот на Турција за отворањето на границите за мигрантите чии дестинации се западните земји од ЕУ. Тоа значи вршење притисок на надворепните граници на ЕУ, односно на бугарско-турската и грчко-турската граница.
Во последните 24 часа, „од неделата утрото до понеделникот утрото, отколу 1.300 луѓе“ се иствоариле на островите Лезбос, Хиос, Лерос, Кос и Самос, петте острови во Егејското Море, каде се воспоставени центри за прифаќање и регистрација на мигрантите, изјави Манос Логотетис, шеф на грчката служба за азил.
Според грчките медиуми, во понеделникот околу 200 мигранти стасале на Лезбост. Притоа, некои мигранти се обвинети дека вандализирале некои објекти на островот,