Најмалку 19 лица се повредени ноќеска во Марид по судирот меѓу полицијата и мигрантите, јавуваат тамошните медиуми.
Причина за немирите е смртта на уличен продавач од Сенегал, кој пред да почине бил бркан од комуналната полиција.
Немирите почнале во 21 часот и траеле до 1 часот, ширејќи се од улица во улица, а демонстрантите запалиле моторцикл, контејнери за смет. Тие фрлале камења врз автобуски станици и филијали на одредени банки.
Меѓу повредените има и десет полицајци. Службата за итна помош, пак, информирала дека Маме Мбаје, на возраст од триесетина години, бил пронајден без свест и дека починал од срцев удар.
Демонстарнтите рекле дека Мбаје дошол во Шпанија со брод пред 12 години, каде работел нелегално како уличен продавач и редовно испраќал пари на својата фамилија.