Судири и стотици уапсени на протестите во Париз и Брисел

Франциските полициски единици за справување со безредија употребија во саботата во Пари солзавец над припадниците на движењето „Жолти елеци“, по помал судир на почетокот од протестите против политиките на претседателот Емануел Макрон, а според последните податоци на Управата на париската полиција, во текот на протестите претпладнето уапсени со 548 лица од кои 272 се задржани во полицијата, додека истовремено во белгиската престолнина Брисел биле превентивно уапсени 70 лица.

Француските полициски сили целосно го блокираа парискиот плоштад Конкорд, кој директо е наспроти Елисејските полјани, а се наоѓа неколку стотина метри од претседателската палата. Со тоа полицијата им оневозможи на „Жолтите елеци“ да им се придружат на демонстрантите на Елисејските полјани. Претставници на ова неформално протестно движење изразија во саботата разочарување поради обемното ангажирање на полициски сили од 89.000 припадници, оклопни возила, специјални единици, водени топови и користење солавец, и сметаат дека тие се „претарани… и ги оневоможуваат да протестираат“.

До Елисејските полјани и натаму може да се стаса преку страничните улици, но плоштадот Етоал (Ѕвезда), каде што полицијата претпладнето употреби солзавец врз демонстрантиет ќе остане блокиран до крајот на денот, пишува весникот Le Figaro.

Парискиот весник додава и дека полицијата во Гренобл го уапсила еден од лидерите на „Жолтите елеци“, Жилиен Терје, бидејќи наводно организирал неодобрени протести во овој град. Локалните медиуми пишуваат дека во Геренобл се уапсени 15 до 20 лица, а дека вкупно се собрала меѓу 500 и 1.000 демонстранки, како и дека ситуацијата е напната.

Истовремено во Брисел полицијата ја блокираше целата зона во којашто се наоѓаат европските институции, забранувајќи ги приодот во оваа зона за пешаците и за возила. Белгискиот дневен весник Le Soir пренесува дека атмосферата во главниот град е тензична, но оти нема насилства.

Стотиции белгиски полицајци се ангажирани, во Брисел, каде што минатата седмица „Жолтите елеци“ се судрија со полицијата и запалија две полициски возила, а во саботата се уапсени 70 лица.

Новинската агенција Belga јавува дека „Жолтите елеци“ го блокирале автопатот кон Ракем, град на западот од покраината Фландрија, во близина на границата со Франција, како и дека поставиле барикади од утрото на автопатот во близина на француската граница на северот од Белгија.

Протести за саботата се планирани и во Холандија, иако ниту Белгија ниту Холандија не предложија зголемување на наметите за горивата, што беше катализаторот за масовните и насилни протести во Франција последните седмици. Агенцијата Associated Press наведува дека Јан Дејкграф, уредник на холандскиот „Весник на отпорот“, повикал на мирни протести во Амстердам и Ротердам.