Судири меѓу демонстранти и полицијата во Париз

Полицијата во Франција се судри со повеќе стотици демонстранти кои се собраа во поддршка за бегалците, и покрај забраната за собирања во текот на вонредната состојба што Франција ја воведе по терористичките напади во француската престолнина.

Протестот беше завршен кога припадниците на специјалната полиција употребија бибер спреј и палки против демонстрантите кои тргнаа од Бастиља кон Плоштадот на Републиката.

Локалната полиција ги информира организаторите дека доколку не се откаже собирот тие ќе се соочат со казна од шест месеци затвор, но демонстрантите ја игнорираа забраната за собирање, наведува „ Раша тудеј“.

Собирот почна кај Бастиља, а судирите со полицијата избија кога демонстрантите тргнаа кон Плоштадот на Републиката, што набрзо беше блокиран од полицијата.