Смртта на младиот Алексис Григоропулос и по 7 години сеуште ја прогонува Грција. Во синоќашните судири во Атина меѓу полицијата и група млади луѓе, кои синоќа ја одбележуваа годишнината од убиството на тинејџерот, повредени се тројца полицајци, а 35 лица се приведени.
Грчката агенција АНА јави дека во Атина по синоќешните судири е мирно.
Судирите започнале на крајот на протестот организиран од анархистичките фракции, кога демонстрантте почнале да фрлаат молотови коктели врз полицијата. Полицијата одговори со шок бомби и солзавец.
Околу 500 луѓе синоќа се собраа во квартот Ексархија, популатно собиралиште на анархистите и место каде полицаецот Епаминондас Корконеас на 6 декември 2008 година го застрела 15-годишниот Григоропулос.