Судирите во источна Украина би можеле да имаат сериозни последици на снабдувањето со вода на четири милиони жители во Доњецк, соопшти денеска специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Источна Украина, пренесоа медиумите.
Според зборовите на локалните власти, изворот од кој се црпи вода и дел од цевоводите на градот Семјеновк, во близина на Славјанкс, се оштетени во судирите на владините сили и проруските сили, соопшти мисијата на ОБСЕ, пренесе Ројтерс.
Овој извор од каде е сцрпува вода и цевоводот се составен дел системот за снабдување со вода на милиони жители во регионот, се вели во соопштението издадено после разгворите на членовите на мисијата со градоначалникот на Доњецк, Александар Лукљаченко.
Градоначалникот на својата Фејсбук страница напиша дека снабдувањето со вода во Доњецк сеуште не е загрозено, но дека тоа би можело да се промени „за многу кратко време“, соопшти мисијата на ОБСЕ.
Градот Семјеновк се наоѓа на пет километри југоисточно од Славјанкс и 110 километри северно од ДОњецк, главниот град на рударскиот регион Донбас.