Седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, одреди Кривичниот суд за обвинетите во случајот „Диво насеље“.
Од вкупниот број на 37 обвинети, 33 се прогласени за виновни, а четворица добија ослободителни пресуди.
Обвинетите кога се читаше пресудата не беа во судницата, туку ја слушаа само новинарите, адвокатите и роднините на обивнетите. Тие беа изнесени од судництата, бидејќи извикуваа „УЧК, УЧК“,„Овде никогаш нема да биде мирно, пазете се по животот“ и ја пееја албанската химна.