Рокот за одземање на пратеничкиот имунитет на екс-спикерот Трајко Вељаноски од страна на пратениците од македонското Собрание, по што се очекува Основен суд Скопје да испрати уште едно барање.
Судот бара притвор за актуелниот пратеник, но за тоа прво мнозинството пратеници треба да изгласаат одземање на неговиот имунитет. Два дена во собраниската комисија и трите за пленарана седница изминаа, а синоќешната беше закажана пред полноќ и заврши без гласање.
Талат Џафери ја прекина работата на 89. седница на Собранието, на која единствена точка на дневен ред беше барањето од Судот за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски и одобрување на мерката притвор која ја бара судот за случајот „27 април“.
Вељаноски е осомничен како организатор на „крвавиот четврток“, а приведени беа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Едниот е префрлен во куќен притвор, а другиот остана во истражниот затвор Шутка.