Највисокиот суд во Европската унија во средата ја отфрли тужбата на Полска и Унгарија против механизмот на ЕУ со кој наводното кршење на слободите и владеењето на правото во некои земји членки ќе се казнува со одземање пари доделени од европските фондови.
Конечната пресуда на Судот на ЕУ од Луксембург го реашва спорот меѓу неолибералните бирократи во Брисел и суверенистичките десни влади во Полска и во Унгарија обвинете за наводно кршење на демократските права и вредности, а станува збор за одземање милијарда евра.
Унгарија и Полска поднесоа поединечни тужби пред Судот на ЕУ во кои бараа да поништи споменатата Уредба. Нивното побивање, меѓу другите причини, се темели на непостоењето или несоодветноста на правна основа на одбрана од Уредбата, нејзината неусогласеност со Договорото за ЕУ.
На Унгарија и на Полска сѐ уште не им одобрен националнот план за закрепшнување и отпорност, иако уште пред неколку месеци ги дадоа своите програми во Европската комисија.
Двете членки на ЕУ веднаш ја отфрлија пресудата како задурање во нивниот национален суверенитет. Унгарија, ги отфрла обвинувањата за каква и да е кршење и тврди дека ЕУ наметнува либерални вредмости коишто му се туѓи на унгарското традиционално, кознервативвно и католички општество.
Европскиот суд на правдата пресуд дека „механизмот е донесен на соодветна правна основа“ и ги отфрли акциите кои против овој механизам ги преземаа Полска и Унгарија, се наведува во соопштението од средата.
Брисел го воспостави споменатиот механизам за да ги критикува владите во Будимпешта и Варшава за наводно кршење на владеењето на правото кое е на сила во ЕУ.
Оваа пресуда е без преседан и се смета за историска за да служи за идни постапки за парично казнување на државите членки на ЕУ кои би го кршеле принципот на владеење на правото, како што се на пример, мешњато и влијанието на владата врз правосудството. Но во ЕУ има забелешки што некои земји членки никогаш не се ниту критикувани на оваа тема и покрај очигледните нарушувања на таквите принципи.
Реакции на Угарија и Полска
Одлуката на Судот на ЕУ претставува напад врз суверенитетот на Полска, реагираа од полското министерство за правосудство.
„Мораме да се браниме од нападот врз нашиот суверенитет, Полска мора да ја брани својата демократија од уцените чијашто цел е да ѝ се одземе правото да одлучува самата за себеси. Особено затоа што Полска треба со тоа да ги загуби средствата за мерките кои се стандарди во Шпанија или Германија“, објави на Twitter заменикот министер за правда Себастијан Калета.
Унгарија, пак, оценува дека Европскиот суд ги „злоупотребува своите овластувања“. „Оваа пресуда е ново средство за притисок врз нашата земја“, напиша на Twitter министерката за правда Јудит Варга.
Министерката смента дека притисокот е поврзан со законот со кој во Унгарија од летото го забрани промовирањето на хомосексуалноста пред малолетни лица и во образованието, а што во воството Европската унија беше дочекано со критики.
Според одредбата на Брисел за закрепнувљње и отпорност, Полска требаше да добие 36 милијарди евра, а Унгарија 7 милијарди евра, а тие средства веќе беа замрзнати.
Многу е изгледно дека механизмот ќе биде актовиран во Унгарија, веројатно во март бидејќи во април премиерот Виктор Орбан го очекуваат избори, а Брисел ја обединува и поддржува унгарската опозиција против него, оценува Мтџаба Рахман од консултантската куќа „Euroasia“. Според него, механизмот сѐ уште нема да биде активиран против Полска.
Фон дер Лејен ја поздрави одлуката на судот
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ја поздрави одлуката на Судот на ЕУ кој целосно ги отфрли тужбите на Полска и Унгарија против споменатиот механизам за условеност, кој ги поврзаува почитувањата на владеењето на правото и исплатата на средствата од фондовите на Унијата.
„Денешните пресуди потврдуваат дека сме на вистинскиот пат“, изјави фон дер Лејен која се огласи со писмена изјава по објавувањето на пресудите. Најави дека сега ЕК внимателно ќе ја проучи пресудата и нејзиниот натамошен ефект врз натамошните чекори кои ги предвидува механизмот.
Судот утврдил дека „механизмот е донесен на соодветна правна основа, во рамките со постапката предвидена во членот 7 од Договорот за Европската унија и особено ги почитува гранците за овалстувања доделени на Унијата и принципот на правна сугурност“.
Уредбата со којашто се воспоставува општ режим на условенсот за заштите на Буџетот на ЕУ во случај на повреда на приципот на владеењето на правото во државите членки стапи на сила на 1-ви јануари 2021 година.
Со Уредбата, којашто досега ниеднаш не беше применета, му се овоможува на Советот на ЕУ на барање на Европската комисиај да донесе, меѓу другито, мерки како што е суспендирање на плаќањата кои се финансираат од буџетот на ЕУ или суспензија на одобрувањата не една или повеќе програми финансирани од тој буџет.
Унгарија и Полска, кои поради оваа уредба може да останат без значителни средства од заедничкиот буџет на ЕУ, во ослови на закрепнување на нивните економи по двегодишниот период на ковид-кризата, се обратија во март минатата година до Судот на ЕУ и побараа нејзино поништување.
„Комисијата сега внимателно ќе ја анализира пресудата и нејзиниот можен ефект на натамошните чекори кои ќе ги преземеме во рамките на оваа уредба. Земајќи ги предвид овие пресуди, во следните неколку седмици ќе ги усвоиме насоките коишто ќе разјаснат како ќе ги применуваме механизмот во практиката“, порача фон дер Лејен.
Таа деновите беше жестоко критикувана бидејќи во средата попладнето нема да учествува на расправата во Европскиот парламенто за владењето на правото и наместо неа ЕК ќе ја претсавува комесарот за буџет Јоханес Хан. Одлуката на фон дер Лејене се толкува како бегање од соочувањето со пратениците кои од ЕК бараа да го примени механизмот и пред одлуката на Судот на ЕУ.
Судот во пресудата потсетува дека „почитувањето на заедничките вредности на коишто се темели ЕУ, коишто државите членки ги утврдиле и споделуваат и кои го дефинираат самиот идентитет на ЕУ како заеднички правен поредок на тие држави, како што се владеењето на правото и солидарноста, ја оправдува заемната доверба меѓу тие држави. Имајќи предвид дека тоа почитување е услов за уживање на сите права кои произлегуваат од примената на Договорот на државата членка, ЕУ мора да биде во можност, во рамките на границите на своите овластувања, да ги заштити тие вредности“.