Највискиот суд на Европската унија пресуди дека новиот полски закон за Врховниот суд е спротивен на правото во Унијата и дека го загрозува принципот на несменување на судиите, што треба да претставува удар за евроскептичната влада во Варшава, предовдена од конзервативната партија Правда и справедливост (PiS).
Полскиот закон за Врховниот суд стапи на сила на 3-ти април 2018 година. Врз основа на овој закон, возрасната граница за заминување во пензија на судиите од Врховниот суд енамалена на 65 години. Новата граница за возраста се применувапе од датумот на стапување на законот на сила, што важеше и судиите од овој суд именувани пред тој датум. Продолжувањето на активниот судски маднат на судиите од Врховниот суд по достигнување на границата од 65 години беше можно, но беше условено со поднесување изјава од односниот судија за тоа дали сака да продолжи со извршување на својата должност, со поднесување потврда дека неговата здравствена состојба му доззволува да работи, како и со давање одобрување од претседателот на Полска. А при давањето на тоа одобрување, шефот на државата не е обврзан од ниеден критериум и неговата одлука не подлегнува на никаков судски надзор.
Судот на правдата на ЕУ (ECJ), утврди дела „примената на таа мерка за намалување на возрасната граница за заминување во пензија на судиите на Врховниот суд кои веќе се во активна служба во овој суд не е оправдана со легитимна цел и го загрозува принцимот на несменливост на судиите што е својствено за нивата независност. Судот истакнува дека одредбата од овој закон со кој претседателот на Полска може да одобри продолжување на судската кариера и по 65 години старост, „има диксрециски карактер поради тоа што нејзиното носење како такво не е условено со никаков објективен и проверлив критериум, а и не мора да биде образложена“.
Европската комисија на 2-ри октомври 2018 година пред споменатиот Суд на ЕУ поденсе тужба поради повредата на обврските. Комисијата смета дека Полска го повредила правото на ЕУ со тоа што, од една страна, ја намалила границата за заминување во пензија и ја применила врз судии кои во врховниот суд биле именувани до 3-ти април 2018-та и со то што, од друга страна, на претседателот на Република Полска му го доверила дискреционото овластување за продолжување на активниот судиски мандат на судиите на полскиот Врховен суд. Така, во согласност со овој закон, судиите во активна служба на Врховниот суд кои навршиче 65 години пред датумот на стапување на овој закон на сила или најдоцна до 3-ти јули 2018-та, требаше да заминат во пензија на 4-ти јули 2018-та, освен доколку најдоцна до 3-ти мај 2018-та не ја поднеле наведената изјава и како претседателот на Полска не го одобрил продолжувањето на нивниот мандат во Врховниот суд.
Секој национален суд воедно е и веропски суд
Комисијата во понеделникот се огласи со соопштение во кое вели дека ја прима на знаење пресудата на Судот на ЕУ, и истакнува дека станува збор за важна пресуда која ја поддржува независноста на правосудството во Полска и „пошироко“. Пресудата, исто така, е „добредојдено објаснување на начелото на несменливост на судиите, што се битни елементи на ефикасната правосудна заштита во Еропската унија“, се наведува во соопштението.
Оваа пресуда, продолжува натаму ЕК, покажува дека иако организацијата на правосудството е во надлежност на земјите членки на ЕУ, дека тие се должни во спроведувањет на тие надлежноста и да ги исполнуваат обврските кои проилегуваат од правото на ЕУ. „Секој национален суд воедно е и европски суд кога го променува правото на ЕУ. Оттаму, земјите членки мора да обезбедат ефикасна судска заштита за поединците во областите кои ги покрива правото на ЕУ“, наведува уште Комисијата.
Против Полска пред судот на ЕУ се води уште една постапка по тужба од Европската комисиај поради правосудните реформи. Паралелно со тоа, Комисијата покрена, првпат во историјата, постапка според челнот 7 од Договорот за ЕУ, кој теоретски може да заврши со одземање на правото на гласот на Полска во Советот на ЕУ. Имено, членот 7 предвидува во случај на „сериозна повреда“ на правото на ЕУ во земјата членка како крајна мера одземање на правото на глас, што досега никогаш се нема случено.
Истата постапка, на иницијатива на Европскиот парламент е покрената и против Унгарија. И двете земји, заедно со Словачка и Чешка, се членки на ткн Вишеградска група, којашто силно се противи на планот Брисел на распоредувње на имигрантите во земјите членки според квоти, што исто така го предизвика гневот на челниците на ЕУ кон овие земји.