Судот на ОН побара од Израел да спречи геноцид, а не прекин на огнот

Највисокиот суд на Обединетите нации, односно Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) во Хаг, во петокот побара од Израел да го спречи геноцидот врз Палестинците и да направи повеќе за да им помогне на цивилите, но не нареди прекин на огнот како што побара Јужноафриканската Република.

Јужноафриканската Република поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата минатиот месец, барајќи од судот да му наложи на Израел да ги прекине воените дејствија во палестинската енклава Појасот Газа во кои за четири месеци се убиени повеќе од 26.000 Палестинци, од кои најмалку третина се деца. Притоа, ЈАР го обвини Израел за геноцид.

Израел започна потполна офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас врз Израел на 7-ми октомври во кој загинаа 1.200 луѓе, од кои 900 цивили на различни возрасти а беа киднапирани повеќе од 240 лица.

Судиите во одлуката донесена во петокот наведува дека Израел мора да ги преземе сите мерки коишто се во негова моќ за да ги спречи неговите војници да извршат геноцид, да го казни поттикнувањето на геноцид и да преземе чекори за подобрување на хуманитарната ситуација.

Иако МСП не нареди прекин на огнот, тој одлучи да не го отфрли случајот, пресудувајќи дека Палестинците се чини дека се заштитена група според Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Судот притоа не се произнесе за основаноста на обвиненијата за геноцид, ниту ги спомена повиците на израелските министри и политичари за иселување на Палестинците од Појасот Газа или, пак, за користење нуклеарно оружје во енклаввата.

Израел ги опиша јужноафриканските обвинувања како „лажни“ и „грубо искривени“ и нагласи дека прави сѐ што може за да избегне цивилни жртви.

По одлуката на Меѓународниот суд на правдата, Јужноафриканската Република ја поздрави „решителната победа“ на меѓународното владеење на правото, а Палестинците за привремени мерки.

„Палестина ги поздравува привремените мерки наложени од Меѓународниот суд на правдата. Судиите на МСП ги оценија фактите и законот, тие пресудија во корист на хуманоста и меѓународното право“, изјави палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики.
“, рече тој.

Ал-Малики додаде дека Палестина ги повикува сите држави да обезбедат спроведување на мерките наложени од судот „вклучувајќи го и Израел, окупаторската сила“.