Судот не дозволи Заев да одговори дали лично ургирал спорот за ГА-МА да се префрли од суд во Собрание

Судијката не дозволи премиерот Зоран Заев да одговори на прашањето на адвокатот од одбраната на новинарот Зорна Божиновски, Сашо Станинов, дали било негова лична иницијатива спорот за сопственоста на гасното претпријатеи „ГА-МА““ да се префрли од суд во парламентот.

Адвокатот на Заев, Мирослав Вујиќ, рече дека немало ништо лично, туку имало законска процедура.

Премиерот Зоран Заев денеска сведочи на суд за неговата тужба за клевета против новинарот Зоран Божиновски.