Судот не му го врати пасошот на Милајков за да оди на лекување

Основниот суд Скопје 1 по негативното мислење од Специјалното обвинителство го одби барањето на осудениот Сашо Мијалков за времено враќање на пасошот, кој подолго време му седи одземен во судот. Мијалков има право во рок од три дена да поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд –  Скопје по добивање на целокупната документација поврзана со барањето  согласно Законските одредби се обрати до надлежното обвинителство од  каде е добиено негативно мислење во однос на барањето. Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и
мислењето на надлежното обвинителство донесе решение со кое барањето го
одби како неосновано. Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во  рок од 3 дена“, соопштија од судот.

 

На ексшефот на УБК веќе еднаш му беше одбиено вакво барање. По вадењето на дополнителни медицински документи, тој поднесе ново, но и тоа сега е одбиено.