![zatvor pritvor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/zatvor-pritvor.jpg?resize=696%2C519&ssl=1)
Вечерва (21 јули) судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на АХ.(34) од Дебар му определил мерка притвор од 30 дена и тој ќе биде спроведен во КПУ Затвор “Скопје” во Скопје.
Ноќеска околу 1 часот на паркинг во близина на угостителски објект во тетовско Жеровјане ј А.Х. беше лишен од слобода од полициски службеници на СВР Тетово, при што кај него биле пронајдени и одземени 42 пакувања кокаин, од кои 4 поголеми.
Набргу потоа, тој беше задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, со соодветен поднесок беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово