На синоќешниот концерт во Црна Гора, Северина навестила дека и е вратено старателството врз нејзиниот деветгодишен син Александар.
“Не можам да ви кажам за што станува збор, но детето се врати дома. Вие прво дознавате, се уште не е објавено. Ви благодарам за поддршката. Пеам со радост”, рекла Северина и снимката брзо се прошири на социјалните медиуми.
Адвокатот на пејачката Северина, Мате Матиќ, за Н1 потврдил дека судот во Сплит донел одлука да го врати синот на Северина под нејзино стрателство.
“Окружниот суд во Сплит одлучи да и го врати детето на Северина. Одлуката е дека тие ќе имаат заедничко старателство над детето, односно дека детето ќе поминува половина време со мајката и половина со таткото. Ќе видиме дали родителите можат да се согласат или судот ќе ги прецизира деталите. “, рече Матиќ и додаде дека нема жалба против оваа одлука.
“Но, ние дополнително ќе се бориме за Северина да добие целосно старателство над детето. Штом ќе се донесе одлука родителите да поминуваат еднакво време со детето, детето се смета дека е вратено кај мајката. Мислиме дека сега го добивме она што беше можно и тоа е многу добра вест. “, рече адвокатот Матиќ.
Потсетуваме, на крајот на 2019 година, судијката Теа Голуб донесе привремена мерка и одлучи синот на Северина Којиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ да продолжи да живее со таткото, кој, според тоа, самостојно се грижи за здравјето и образованието на детето .
На денот на пресудата во ноември 2019 година, Северина морала веднаш да го предаде својот син на неговиот татко.
Судската одлука била донесена еден месец откако пејачката на прес -конференција ги обвини наставниците за злоупотреба на детето. Според пејачката, наставниците го заклучиле момчето на училиште два часа и не му дозволиле да оди дома со сопругот на Северина, Игор Којиќ. После тоа, таа престанала да го испраќа својот син на училиште, а тој бил со неа во Сплит и Белград, каде што таа имала концерти.