Судот во Хаг изрече две пресуди за геноцид

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија ги потврди пресудите за геноцид против двајца босански Срби, за нивната улога во масакрот во Сребреница во 1995 година.

Ова е првата правосилна пресуда за геноцид од страна на судот во Хаг. 57 годишниот Вујадин Поповиќ и 75 годишниот Љубиша Беара, биле високо офицери за безбедност во армијата на босанските Срби кои ја завземаа енклавата Сребреница во јули 1995 година кога се убиени околу 8.000 илјади муслимански мажи и момчиња, најголемиот масакр по Втората светска војна.

Мал дел од обвинувањата беа поништени од страна на жалбениот совет на судот, но претседателот на судот, Патрик Робинсон казната од доживотен затвор, која е досега најголема изречена од страна на судот. Исто така потврдени се пресудите за злосторства против човештвото за Дарко Николиќ и Винко Пандуревиќ, кои беа осудени на 35, односно на 13 години. Казната за радивое Милетиќ беше намалена од 19 на 18 години казна затвор.

Извор: Радио Слободна Европа