Судот во Стразбур ја прифати жалбата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за претресот на Специјалното јавно обвинителство во неговиот дом.
Предметот на судијата Панчевски пред Судот во Стразбур ја помина втората фаза на испитување на допуштеноста на жалбата.
За да го заштити својот углед и достоинство судијата Владимир Панчевски поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство против претседателката на Основниот суд Гевгелија, понатаму против Катица Јанева, како и против другите учесници во спроведувањето на претресите, меѓу кои и други службени лица вработени во МВР и во Специјалното јавно обвинителство.
Кривичните пријави беа обелоденети во јавноста, а воедно од снимката на домашниот видеонадзор од домот на судијата Панчевски и целата македонска јавност можеше да посведочи дека едно од службените лица од МВР при претресот во домот на прикриен начин, односно противправно го одзема клучот.