
Владата на денешната седница одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува седум пати.
Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се ограничува најмногу до 6.000 денари.
„Намалувањето на висината на судската такса е во насока на олеснување на пристапот до правда на граѓаните“, наведува Владата.