Денеска седница на Судски совет накоја ќе се расправа околу барањето за разрешување на претседателката на Врховен, Беса Адеми.
Ќе биде отворена за јавноста, а сите членови на Советот ќе може да се изјаснат за извештајот од Комисијата на известители.
Иницијативата за утврдување одговорност на Адеми, ја покрена членот на советот Миљазим Мустафа, дел од медиумите објавуваат дека тој денеска ќе ја повлече оваа иницијатива.
Според него со неприсуството на седниците на судскиот совет претседателката на Врховен, покажала професионална и правна некултура во постапувањето, и почитувањето на институциите.
За претседателката на Врховен, пак, исходот на постапката ќе ја одреди иднината на нашето судство. И правниците во исчекување на одлуката на советот.
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во изјава за емисијата „360 степени“ кажа дека очекува на денешната седница, по однос на извештајот од Комисијата на известители, да биде донесена правилна одлука.
Дамева потврди дека извештајот на Комисијата на известители е готов и оти за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред насловена „Расправа по извештај за констатирана состојба“.
– Станува збор за извештај во којшто Комисијата, изведувајќи ги сите докази врз основа на одржана јавна расправа, го констатира тоа во документот, но би сакала да напоменам дека согласно Законот за Судски совет донесен во 2019 година, Комисијата не дава предлог до Советот во смисла на лично мислење. Само ја констатира фактичката состојба врз основа на изведени докази, врз основа на расправа. На Советот в среда останува да расправа и да одлучи, врз основа на тоа, дали има сторено повреда и доколку има, која е повредата и каква ќе биде финалната одлука, тоа ќе почекаме, појасни Дамева.